Барселона со порака: Ќе направиме сѐ за да го вратиме Нејмар

Нејмар имаше кошмарно лето. Бразилецот се повреди непосредно пред стартот на Копа Америка и не беше дел од репрезентативниот состав, кој стигна до златото на континенталниот турнир, а потоа започна и неверојатната трансфер-сага.

„Сè додека Нејмар има желба за враќање, ќе направиме сѐ што можеме за да му овозможиме повторно да биде дел од Барселона. Работите во фудбалот постојано се менуваат. Нејмар е посебен играч, но едноставно не се прилагоди во Париз. Згреши затоа што си замина од Барселона и самиот тоа го призна. Ќе видиме што ќе се случи, но наша желба е да успееме да го вратиме“, рече директорот на Барселона, Жозе Бордас.

Додека беше во Барселона, Нејмар одлично соработуваше со Лионел Меси и Луис Суарес. Двајцата играчи на Барселона и летово кажаа дека би биле среќни доколку Бразилецот повторно се врати на „Камп ноу“. Сепак, оваа желба на Нејмар и на поголем дел од фановите на актуелниот шпански првак засега е неостварлива.

 

- Оглас -

Најнови вести