Барселона во Купот само еднаш одела понатаму по 0-2

Неиграњето на Лионел Меси се покажува како сериозен проблем за Барселона, која по подолго време (од дуелот со Рома на 10-ти април минатата година) не успеа да постигне гол за 90 минути игра, а примањето два значи тешка задача против Севилја во реваншот од Купот на Шпанија. Историјата вели дека Барса во Купот само еднаш одела понатаму по пораз од 0-2, и тоа во далечната 1967 година против Мајорка.

Барселона сезонава има четири порази и на сите тие четири натпревари играше Малком, кој синоќа утна 100 процентна шанса при 0-0 во 40-тата минута, кога не го погоди празниот гол. Бразилското крило трипати беше стартер кога Барселона губеше, а еднаш влезе од клупата.

Од последните 25 меча, Севилја двапати ја победила Барса и во тие два меча го немаше Меси. Доколку не се експериментира со составот и доколку Меси и Суарес играат од почеток на реваншот, шансите на бранителот на трофејот за пласман во полуфиналето ќе бидат реални, па може да биде интересно на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести