Барселона во нов атак, потпишува со дефанзивец кој кариерата ја започна во Реал Мадрид

Маркос Алонсо е пред трансфер во Барселона, само се чека договор од двата клуба. Шпанецот веќе е прекуброен во Челзи, откако лондонскиот тим на позицијата лев бек веќе ги има уште и Бен Чилвел и Марк Кукуреља.

Според добро упатениот новинар Фабрицио Романо, Барселона и Челзи ќе си стиснат рака за договор вреден 10 милиони евра за трансфер на Алонсо од Лондон во Барселона.

Алонсо беше во Челзи од 2016 година и за овие шест сезони одигра вкупно 212 меча во кои успеа да постигне и 29 погодоци. Претходно има играно во Сандерленд, Фиорентина, Болтон, а интересно е дека во 2010 година, дебито на профи сцената го имаше во дресот на Реал Мадрид кога настапи на еден меч во Примера дивисион.

 

- Оглас -

Најнови вести