Барселона во нови проблеми: Куман не може да седи на клупата сè додека Сетјен не ја прифати спогодбата

Кике Сетјен, од неодамна поранешниот тренер на Барселона, му прави проблеми на Роналд Куман со тоа што одбива да потпише спогодбен договор и да добие помала сума од раскинатиот договор.

Сетјен ја бара целосната плата која требаше да ја заработи според договорот со Каталонците, а додека двете страни не се договорат, Куман нема право да седи на клупата во официјален меч според правилата на Ла Лига.

Тоа значи дека шпанскиот вицепрвак може да биде без предводник во првиот меч од сезоната. Барселона на 27 септември ги почнува обврските во Ла Лига против Вилјареал, што значи дека имаат 10 дена да го решат овој проблем.

- Оглас -

Најнови вести