Барсенас даде фантастичен гол, коментаторот се распеа и дополнително го разубави (Видео)

Џоел Барсенас, репрезентативецот на Панама, постигна прекрасен гол со волеј со кој ја запечати победата на Леганес против Аморебиета во последниот меч од 28-чмото коло во Втората шпанска лига.

Бомбата на Барсенас од 17-18 метри заврши во аголот на домашниот гол и беше фантастичен, а во интересен стил го разубави и коменаторот на мечот.

Голот на играчот на Леганес во 95-тата минута, со кој ја запечати победата на гостите, можете да го погледнете ОВДЕ.

Леганес со победа ѝ побегна на Аморебиета за 10 бода, а токму поразениот тим е на последната позиција, 19-та, што води во понизок ранг на натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести