Бартомеу ги израдува навивачите: Меси ќе ја заврши кариерата во Барселона (Видео)

Хозеп Бартомеу најави добри вести за навивачите на Барселона и како што истакна по разговорот со Меси и со неговиот татко, добил потврда дека главната ѕвезда на тимот сака да остане во клубот до крајот на кариерата.

„Разговаравме и добив потврда дека желба на Лео е да остане во својот омилен клуб до крајот на кариерата. Тој е главната алка во новиот проект што го почнуваме со Роналд Куман како тренер. И тој сака Лео да биде дел од новиот изглед на Барселона“, изјави првиот човек на Барселона за клупскиот ТВ-канал.

Бартомеу со тоа потврди дека Куман е новиот менаџер на Барселона, а Холанѓанецот веќе пристигна во главниот град на Каталонија и вечерва треба да биде и официјално промовиран во нов тренер на тимот.

Се најавуваше дека Меси сака да си замине, особено по дебаклот од Баерн со 2:8 во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а се нагласуваше и неговото незадоволство од владеењето на Бартомеу.

Сега изјавата на првиот човек на Барса е нов момент, што би значело дека нема ништо од евентуалниот трансфер на првата ѕвезда во Интер, или во Манчестер сити или во некој трет клуб, како што сè почесто се шпекулираше во шпанските медиуми во последно време.

- Оглас -

Најнови вести