Баш им е гајле за коронавирусот, првенството мора да се доигра

Бурунди е земјата која ја „брани честа“ на фудбалска Африка во овој период кога пандемијата го зафати светот и првенствата се прекинати речиси секаде. Иако се појавија првите три случаи на заразени со коронавирусот, властите во Бурунди кои тврдат дека „со божја волја“ се заштитени, одлучија дека шампионатот мора да се доигра, останаа уште само три кола, и ќе се играат со публика, како и досега.

Публиката пред да влезе на стадион, мора да ги измие рацете, и да им биде измерена температура. Фудбалската федерација на Бурунди се закани дека ако некој тим одбие да игра, ќе загуби со службен резултат, а ќе добие и дополнителна санкција. Во Бурунди се затворени границите, а народот нормално си го тера животот, за разлика од соседите Уганда и Руанда, каде има ограничување на движењето.

Белорусија, Таџикистан, Никарагва и Бурунди, се четирите земји во светот каде се игра фудбал.

- Оглас -

Најнови вести