Атлетик Билбао ја пишува шпанската историја – Имаат шанса да играат две куп-финалиња во рок од 13 дена

Атлетик Билбао ја пишува шпанската историја со еден од најинтересните случаи кај фудбалската велесила, а чудото ќе биде комплетно ако успеат да ја минат и последната пречка во полуфиналето на актуелното издание на популарниот Копа дел Реј.

Во таков случај Баскијците би играле две финалиња во шпанскиот куп во ист месец, во април годинава, и тоа во рок само од 13 дена.

На 4 април треба да го играат ланското финале во Копа дел Реј против Реал Сосиедад, што беше пролонгирано поради пандемијата со ковид -19, а потоа би играле ново финале од овој циклус на 17 април. И двете треба да се играат во Севилја на арената „Ла Картуха“.

За ваков подвиг на Атлетик му треба победа во полуфиналниот двомеч, против еден од можните три ривали, Леванте, Севилја или Барселона. Ждрепката за полуфиналето во Копа дел Реј ќе се одржи денеска, а двете полуфиналиња ќе се играат по принципот дома-гости на 10 февруари и на 3 март.

 

- Оглас -

Најнови вести