Батлер по брејкот на Мајами во Денвер се прошета во провокативна маичка (Видео)

Мајами хит успеа да слави со 111:108 против Денвер нагетс во вториот меч од финалната серија која сега се сели на Флорида, а свое шоу по мечот имаше Џими Батлер.

Првата ѕвезда на Мајами, по мечот во ходникот во „Бол арената“ во Денвер се прошета со маичка на која пишуваше „уште три“.

Со оваа маичка Батлер сакаше да им прати порака на навивачите на Денвер дека неговиот тим го делат уште три победи до титулата.

Третиот натпревар од финалната серија ќе се игра ноќта помеѓу среда и четврток во Мајами.

- Оглас -

Најнови вести