Баварската доминација продолжува: Кејн го водеше Баерн до трофејот од Купот на Германија (Видео)

Баерн Минхен го освои 21-виот трофеј од Купот на Германија, но верувале или не, прв по 2020 година. „Баварците“ во финалето славеа над Штутгарт со 3-0 и тоа благодарение на Хари Кејн кој успеа да постигне хет-трик.

Англичанецот се запиша во листата со стрелците во 55-тата и во 80-тата минута, а во 92-рата беше прецизен и од пенал.

Со ова Баерн Минхен ја комплетираше тројната круна оваа сезона во германскиот фудбал, откако по Бундеслигата и Суперкупот, успеа да го освои и Купот на Германија.

- Оглас -

Најнови вести