Во италијанската Серија А денес се одиграа само два меча и двата немаа никакво резултатско значење, но беа постигнати дури девет гола.
Новиот шампион на Италија, Интер, одигра 3-3 на гостувањето кај Болоња, иако лесно можеше и да загуби. Екипата од Милано поведе преку Димарко во 22-рата минута, но следуваа три гола за домашните и водство од 3-1.
Еспозито и Диуф со голови во 64-тата и во 86-тата минута го спасија Интер од пораз.
Лацио со 2-1 славеше против „фенерџијата“ и одамна испаднатата Пиза, но гостите беа тие кои први дојдоа во водство.

