Екипата на Хал сити следната сезона ќе игра во Премиер лигата, откако „тигрите“ го добија решавачкиот плејоф-меч за пласман во англиската елита против Мидлсбро.
Хал славеше во најскапиот натпревар во фудбалот со 1:0, а драмата беше комплетна бидејќи победничкиот гол на „Вембли“ падна во 95. минута. Стрелец беше Оли Мекбарни по грешка на голманот на Мидлсбро, Сол Брун.
Хал Сити се враќа во Премиер лигата по девет години.
Тимот на тренерот Јакировиќ важеше за аутсајдер во овој дуел поради трите последователни порази од противникот во последниот период, но победи токму кога беше најпотребно.
Во регуларниот дел од сезоната, тимот од Јоркшир освои седум бода помалку од Мидлсбро. Тие завршија на шестото место на табелата, додека првопласираниот Ковентри имаше дури 22 бода повеќе од Хал сити.
Клучниот натпревар на „Вембли“ траеше повеќе од 100 минути, а само судиското продолжение беше осум минути. Првично, противник на Хал требаше да биде Саутемптон, но „светците“ беа прогласени за виновни за повеќекратни прекршувања на правилата на ЕФЛ во текот на сезоната.
Најскандалозен беше случајот со шпионирањето на Мидлсбро пред нивниот полуфинален дуел, кој Саутемптон го доби со вкупни 2:1.
Откриено е и дека тоа го направиле уште двапати претходно во сезоната, што доведе до нивно исфрлање од плејофот. Тимот на Тонда Екерт беше казнет и со одземање бодови, што не само што ги остави без шанса за Премиер лигата, туку ги стави и во тешка позиција пред стартот на сезоната 2026/27.

