„Каталонките“ го потопија Лион и ја освоија Лигата на шампионите

Женскиот тим на Барселона го победи француски Лион со 4:0 во финалето на женската Лига на шампиони во Осло и така ја освои својата четврта титула во ова натпреварување.

Првото полувреме донесе цврста и израмнета игра, а и покрај неколкуте шанси на двете страни, на паузата се замина со резултат 0:0.

Десет минути по почетокот на второто полувреме, Барселона поведе со голот на полската фудбалерка Ева Пајор, која беше заслужна и за вториот погодок на шпанскиот тим во 70-тата минута.

Одличната игра на Барселона во вториот дел беше крунисана со уште два гола во судиското продолжение, кога двапати погоди Салма Параљуело.

Со освојувањето на Лигата на шампиони, фудбалерките на Барселона ја заокружија фантастичната сезона, во која ги освоија и трофеите во Ла Лига, шпанскиот Суперкуп и Купот на кралицата.

- Оглас -

Најнови вести