Баварците на еднодневна екскурзија во главниот град

Баерн Минхен со победа тргна во вториот дел од сезоната, актуелниот германски првак убаво си помина на еднодневната екскурзија во главниот град Берлин, совладувајќи ја Херта со убедливи 4-0.

Баварците со мала задршка ги освоија трите бода со кои го одржаа чекорот со лидерот Лајпциг, па сите четири погодоци гостите ги постигнаа во вториот дел. Отвори Милер по еден час игра, а по него во листата стрелци се запиша и Левандовски погодувајќи од белата точка во 73-тата минута. Веќе три минути подоцна Тијаго зголеми на 3-0, а конечниот резултат го постави Перишиќ во финишот од мечот.

Баерн по ова коло застана на втората позиција со 36 бода, четири помалку од Лајпциг, додека Херта остана на 14-тата позиција со 19 бода.

- Оглас -

Најнови вести