Баварците останаа без Рибери, Робен и Родригес, но ќе го земат Бејл

Англиските медиуми најавуваат дека Герет Бејл во следната сезона ќе игра за Баерн Минхен, и тоа можеби како позајмен од Реал Мадрид. Во претходните две сезони, Реал позајми едно друго крило во Баерн, Колумбиецот Хамес Родригес, кој сега е на пат кон Наполи.

Баварците освен без Родригес, останаа и без ветераните Франк Рибери и Арјен Робен, па празнината на крилните позиции би можеле да ја пополнат со Бејл. Проблемот со Бејл кој следниот месец полни 30 години, е што има многу голема плата, и ретко кој би сакал да го купи. Во германската лига би имал шанса да си ја врати формата, па следното лето да направи трансфер.

Иако даде некои важни голови во дресот на Реал во претходните шест сезони, бројните повреди и слабата форма сезонава, го направија непосакувн во редовите на „кралскиот клуб“, а договорот со Реал му е до 30 јуни 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести