Базел и Вест Хем се последните полуфиналисти во Конференциската лига (Видео)

Екипите на Базел и Вест Хем им се приклучија на Фиорентина и АЗ Алкмар во полуфиналето на Конференциската лига.

Вест Хем без поголеми проблеми забележа убедлива победа на домашен терен од 4-1 против Гент. Првиот натпревар во Белгија заврши нерешено, 1-1. Два погодоци постигна Антонио, додека по еднаш прецизно стрелаа Пакета и Рајс. Единствениот погодок за Гент беше дело на Кујперс и тоа за водство од 0-1.

За разлика од Вест Хем, екипата на Базел многу потешко стигна до пласман помеѓу најдобрите четири во ова натпреварување. Откако првиот натпревар во Швајцарија заврши нерешено, 2-2, слично беше и вечерва, откако во регуларниот дел дуелот заврши 1-1. Ница поведе преку Лаборд, а резултатот го израмни Августин. Победата за Базел ја донесе Адамс во осмата минута од првото продолжение.

Двојките за полуфиналето се: Фиорентина – Базел и Вест Хем – АЗ Алкмар

- Оглас -

Најнови вести