Базел ќе го наполни Сент Гален, Ајакс и ПСВ со 2-4 гола во суперкупот

Ајакс – ПСВ (18.00 часот)

Холандскиот Суперкуп е незгоден за прогнозирање, но сепак малку поголеми шанси за триумф имаат „копјаниците“ од Амстердам. Ова е големо дерби и сè е можно, а последниот меѓусебен дуел на ривалите заврши со 3-1 за Ајакс. Сега составите се поинакви, а и уште е подготвителен период, вистинската форма екипите треба да да достигнат во наредниот период. Од декември 2017 наваму, на сите четири меѓусебни дуели на Ајакс и ПСВ, едниот тим даваше три гола.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.05)

 

Базел – Сент Гален (19.00 часот)

Базел во минатото коло го порази Сион со 4-1, а Сент Гален загуби од Луцерн со 0-2, па овие податоци се доволни да се има увид кој во каква форма е на стартот на сезоната во швајцарската лига. Последниот меѓусебен дуел на овие екипи во април заврши со 3-0 за Базел и беше прекината традиција од четири меча по ред на кои паѓаа голови на двете страни. Квоитата на денот на Sport Life најавува три гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (2.55)

 

Васланд Беверен – Клуб Бриж (04.00 часот)

Стартот на белгискиот шампионат носи еден меч пред кој гостите имаат проблеми со повредени играчи, но тоа не би требало да ги спречи да дадат гол во првите половина час од средбата и на крај да ги освојат трите бода. Беверен од 30 март нема нерешено. Бриж на последните три гостувања кај Беверен освои само еден бод, и време е да го прекине постот.

Предлог тип: 2 & 0-29 мин. (2.65)

 

Црвена ѕвезда – Раднички Ниш (20.00 часот)

Најдобрите две српски екипи од минатата сезона се среќаваат во Белград на лигашки дуел, кој за Ѕвезда е четврти сезонава на свој терен во сите натпреварувања. Раднички испадна од Европа, а домашните на свој стадион многу често победуваат без примен гол. Ѕвезда и во дуелите со Раднички има низа од четири, во обложувачки речник кажано, сигурни победи. Раднички во 2015 последен пат си замина непоразен од „Маракана“.

Предлог тип: 1 Сигурна (1.85)

 

Клуж – Динамо Букурешт (20.00 часот)

Клуж е во позитивна серија, има две убедливи победи на домашна сцена во лигата и триумф над Макаби во еврокуповите. Кај Динамо, ситуцијата е обратна. Уште нема освоено бод, и гол-разликата по две кола му е 0-7, а капак беше и срцевиот удар на тренерот. Во минатата сезона Клуж двапати го победуваше Динамо и со тоа со 3-0 и 3-1.

Предлог тип: 1-1 (2.35)

 

- Оглас -

Најнови вести