Базел остана без домашно дерби – Вавринка се повреди, Федерер е прв полуфиналист

Станислас Вавринка се повреди и му го предаде мечот од четвртфиналето на Роџер Федерер, па публиката и тениските фанови нема да го гледаат долгоочекуваниот дерби меч во Базел на двајцата Швајцарци.

Федерер кој игра за јубилејна 10. титула во родниот град на најлесниот можен начин се пласира во полуфиналето и е на два чекори до нов пехар во Базел и израмнување на рекордот од Хале.

Само во германскиот град најтрофејниот светски тенисер има двоцифрен број на титули, а сега по откажувањето на Вавринка е многу блиску до нова десетка, втора на АТП турнирите.

Федерер сега го очекува победникот од дуелот меѓу Циципас и Крајиновиќ, во полуфинален меч на турнирот во градот во кој е роден.

Во останатите две четвртфиналиња денеска ќе играат Баутиста против Опелка и Штруф со Де Минаур.

- Оглас -

Најнови вести