Беа први шампионки на Европа, сега први победија во група со нерешени резултати

Шведска е првата репрезентација во Ц групата на Европското првенство во Англија што успеа да забележи победа по нерешените резултати на четирите репрезентации во првото коло.

Првите шампионки на Европа, кои славеа на премиерниот шампионат во 1984 година, сега ја победија Швајцарија со 2:1 во првиот натпревар од второто коло во израмнетата група Ц.

Фудбалерката на Барселона, Фридолина Ролфо беше прецизна во 53. минута и Шведска поведе со 1:0.

Рамона Бахман брзо израмни на 1:1 со гол само 120 секунди подоцна, но Швеѓанките сепак не дозоволија серијата нерешени дуели во Ц групата да продолжи и победија со погодокот на Хана Бенисон во 79. минута.

Шведска сега е лидер со четири бода, пред Португалија, Швајцарија и Холандија со по еден бод, но Португалките и Холанѓанките вечерва од 21 часот треба да го одиграат натпреварот од второто коло.

 

- Оглас -

Најнови вести