Беа суперѕвезди, а сега останаа без клубови

Давид Луиз, Хавиер Пасторе, Хатем Бен Арфа, Франк Рибери се само дел од фудбалерите кои останаа слободни агенти по завршувањето на летниот трансфер период.

Овие играчи до пред некоја година беа едни од главните ѕвезди на своите клубови, но, во моментов се без ангажман. Јасно е дека се уште има време за нив да пронајдат клуб, бидејќи трансфер периодот за фудбалерите без клуб се уште трае. На оваа листа се приклучија и Серж Орие кој вчера го раскина договорот со Тотенхем, како и некогашниот италијански репрезентативец Џовинко, кој го заврши своето патешествие во Саудиска Арабија.

Сепак, не е се така црно за овие фудбалери, бидејќи веќе имаат одредени понуди од клубови кои што се заинтересирани за нив, додека, пак, останува прашањето дали Франк Рибери ќе продолжи активно да се занимава со фудбал, или ќе се одлучи да ја заврши својата пребогата кариера.

- Оглас -

Најнови вести