Бед Блу Бојс молчеа на минутата посветена за убиениот навивач на АЕК

Динамо Загреб и АЕК играат на „Максимир” во првиот меч од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Ова требаше да биде реванш, но мечот кој пред една недела требаше да се игра во Атина, беше одложен откако беше убиен еден навивач на АЕК.

Грчкиот тим побара, а УЕФА одобри да има една минута молк како почит за убиениот навивач. За време ма молкот, речиси сите на трибините молчеа, што значи дека и популарните Бед Блу Бојси покажаа почит за убиениот навивач на АЕК.

По 30 одиграни минути, нема голови на „Максимир”.

- Оглас -

Најнови вести