Бејл ги собра наградите на ФИФА

Герет Бејл ги доби пехарите за најдобар стрелец и најдобар играч на Светскиот клупски куп и има хет-трик сметајќи го и победничкиот пехар на ФИФА што го освои неговиот клуб Реал Мадрид.

Бејл има ист број на голови како и Рафаел Боре од Ривер плејт, но прв стаса до тројката, со хет-трик против Кашима во полуфиналето.

Таа партија и тоа одлична против јапонскиот тим му ја донесе и наградата за најдобар играч на турнирот, што е прва за Бејл на Свесткиот клупски куп.

 

- Оглас -

Најнови вести