Бејл и дефинитивно е спремен – Мотивот против Ливерпул е голем а на тренинг постигна супер гол (ВИДЕО)

Герет Бејл ќе биде фит за финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул. Велшанецот се опорави од повредата и ќе му се стави на располагање на Карло Анчелоти, во неговиот последен меч во дресот на Реал Мадрид.

Договорот на Бејл со кралскиот клуб истекува по крајот на јуни и нема да биде продолжен. Но, видеото на еден од последните тренинзи покажуваат дека тој е подготвен да го даде својот максимум. Впрочем во финалето од 2019 година, токму Бејл постигна прекрасен гол со макази во победата од 3:1.

Дека мотивите и желбата кај него се големи за да се докаже и на оваа голема средба, покажува и видеото подоле.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести