Бејл не планира да остане во Тотенхем, дојде само за да гради форма за ЕП

Герет Бејл, офанзивецот на Тотенхем, не планира да остане во клубот по крајот на сезоната, кога и му завршува едногодишната позајмица од Реал Мадрид. Како што вели тој, се врати во лондонскиот клуб само за да игра фудбал и да изгради форма во пресрет на Европското првенство кое ќе се одржува налето.

„Не се оптеретувам со тоа што ќе биде по крајот на сезоната. Првичниот план беше да дојдам во Тотенхем, да играм фудбал и да бидам подготвен за Европското првенство, а потоа да се вратам во Мадрид. Ми преостанува уште една година од договорот со Реал, а мојот план е да се вратам таму“, истакна Бејл.

Велшката ѕвезда утре ќе ја предводи својата селекција на тешкото гостување кај Белгија, на стартот од мундијалските квалификации.

- Оглас -

Најнови вести