Бејл со хет-трик му ја донесе првата победа на најмладиот менаџер во Премиер лигата (видео)

Тотенхем со убедливи 4-0 го потопи фенерџијата Шефилд, а Герет Бејл со хет-трик му ја донесе првата победа на Рајан Мејсон, најмладиот менаџер во историјата на Премиер лигата.

Велшката ѕвезда погодуваше за убедливи 3-0 во корист на Тотенхем, за Сон да го постави конечниот резултат во 77-та минута и да го израдуваат 29-годишниот стратег кој привремено ги предводи Петлите додека управата не најде адекватна замена за отпуштениот Жозе Мурињо.

https://twitter.com/horadel_futbol/status/1388932445567918082

Бејл го отвори мечот на десетина минути пред паузата со одлична реализација и лоб над голманот Ремсдејл, по што во второто полувреме за осум минути уште двапати ја затресе мрежата на Сечилата за убедливи 3-0.

https://twitter.com/EnElVar/status/1388941349412605961

Тотенхем со овој триумф ги надмина Вест хем и Ливерпул до петтата позиција на табелата, сега има 56 бода, пет помалку од четвртопласираниот Челзи на четири кола до крајот.

https://twitter.com/GarraSportsMx/status/1388942447477153800

- Оглас -

Најнови вести