Бејл: Станавме роботи, ни кажуваат каде да бидеме, кога да јадеме…

Герет Бејл во интервју изјави дека денешните фудбалери се третирани како роботи и во трката по пари и кариера ја загубиле контролата врз своите животи. Крилото на Реал Мадрид освои четири титули европски првак и воопшто не се жали што морал да жртвува некои работи за да успее во овој спорт.

Но, Бејл одлично ги разбира пензионираните спортисти кои не жалат по животот кој го имале како професионалци и по повлекувањето имаат време за себе.

„Кога сте професионален спортист, не одлучувате за вашиот календар, освен можеби тенисерите и голф-играчите. Останатите сме како роботи. Други ни кажуваат каде да бидеме, кога да бидеме, кое време да јадеме. На некој начин, немаме нормален живот. Не ви даваат сами да одлучувате што да правите. Од друга страна, кариерата на фудбалерите е кратка, некогаш треба да жртвувате нешто. Некои мислат дека жртвувањето се исплати, некои не“, вели 29-годишниот Бејл.

- Оглас -

Најнови вести