Бејл: Во Шпанија треба да се срамат

Герет Бејл е јунакот на Велс во победата над Австрија од 2:1. Капитенот на велшката репрезентација ги даде двата гола за победа во полуфиналето од баражот, па сега Велс е на чекор од пласман на Мундијалот во Катар.

Велс последен пат бил дел од планетарниот собир во 1958 година, што значи дека повеќе од 60 години сонуваат да бидат дел од Мундијалот. Со Бејл како предводник, сега се само на еден меч од остварување на сонот.

Интересно е дека Бејл за Велс е вистински лидер, а на клупско ниво во Реал Мадрид е сосема отфрлен. Од август минатата година до денеска, тој одигра само 74 минути во дресот на Реал Мадрид и постојано трпи критики поради слабата форма.

„Никому нема да испратам порака. За мене би било губење време ако почнам да им одговарам на критичарите во Шпанија. Тоа што тие го прават е одвратно и треба да се срамат“, рече Бејл, кој синоќа постигна и еден фантастичен гол од слободен удар.  

- Оглас -

Најнови вести