Македонската фудбалска репрезентација на 1-ви јуни ќе одигра пријателски натпревар против Турција во Истанбул, потврди ФФМ. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу“ со почеток во 19.30 часот по македонско време.
Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ова ќе биде сериозен тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски. Претходно, најдобрата македонската репрезентација на 29-ти мај ќе одигра контролен натпревар против Босна и Херцеговина во Сараево.

