Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешан, кој ќе ја напушти функцијата по Светското првенство во 2026 година, изјави дека нема намера да ја заврши тренерската кариера.
„Ќе бидам достапен и сите го знаат тоа. Нема да се пензионирам по Светското првенство“, рече Дешан.
Тој беше споменат како можен главен тренер на Реал Мадрид, но од тоа нема ништо, најверојатно Жозе Мурињо ќе го преземе Кралскиот клуб. Дешан би можел пак да работи во Италија, каде што мина пет години како играч на Јувентус, а една сезона го водеше гигантот од Торино и како тренер.
„Го освежувам мојот италијански јазик, никогаш не се знае“, рече 57-годишникот.

