Потврдено: Требало да има пенал против Манчестер сити на дуелот против Евертон (Видео)

Уште три грешки на видеоасистентите судии (ВАР-системот) беа потврдени од панел-дискусијата за спорни ситуации на натпреварите на Премиер лигата. Со овие три грешки, вкупниот број на констатирани погрешни одлуки за оваа сезона се искачи на 23. Панелот евидентираше три грешки поврзани со недосудени пенали.

Едниот пенал требаше да биде во корист на Евертон во дуелот против Манчестер сити кој се играше пред 10-тина дена на „Гудисон парк“, а заврши нерешено 3-3. Останатите две ситуации беа досудени на дуелите на Вест хем.

Евертон е единствениот тим којшто оваа сезона немаше корист од ВАР-системот, а на последната спорна ситуација беше направена погрешна проценка кога Карамелите не добија пенал во дуелот против Манчестер сити. Екипата на Дејвид Мојс водеше со 3-2 пред своите навивачи кога Бернардо Силва буквално го собори Мерлин Рел при изведување на еден корнер. Главниот судија Мајкл Оливер остана нем при оваа ситуација во 87-мата минута, па Евертон не доби пенал по кој можеше да поведе со 4:2. Главен во ВАР-собата на тој меч беше судијата Пол Хауард, кој процени дека задржувањето започнало пред да се изведе корнерот и затоа не можеше да интервенира за да досуди пенал.

„Ако не е пенал, тогаш сè е дозволено“, рече тренерот на Евертон, Девид Мојс по тој натпревар.

Сепак, сите пет члена на панел-дискусијата се согласија дека „имало јасно и одржливо држење кое продолжило по изведувањето на корнерот, кога топката веќе била во игра“.

Манчестер сити на крајот израмни на 3:3 и Граѓаните останаа на два бода зад лидерот Арсенал и во трка за титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести