Бекам целата плата ќе ја прима во биткоини, а еден милион долари ќе даде на среќен навивач (ВИДЕО)

Одел Бекам Џуниор потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес рамс, а интересно е тоа што оваа НФЛ-ѕвезда целата своја плата ќе ја прими во биткоини.

Највредната криптовалута повторно ги „мами“ познатите спортисти, а овој играч, кој сезонава ќе инкасира околу 12 милиони долари, ќе подели еден милион долари во биткоини со некој од неговите среќни навивачи.

Бекам потпиша едногодишен договор со тимот од Лос Анџелес, а овој играч важи за еден од најдобрите странични примачи во овој спорт.

- Оглас -

Најнови вести