Бекер: Би се обложил дека финалето ќе биде Надал-Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ, денеска ќе игра во второто коло од гренд слем турнирот во Париз, популарниот Ролан Гарос. Србинот не би требало да има проблеми со 104-тиот на АТП-листата, Хенри Лаксонен од Швајцарија. Кога се работи за настапот на популарниот Ноле на овој турнир, не се зборува дали ќе победи денеска, туку дали ќе има сили да го неутрализира Рафаел Надал, кој е доминантен со 11 титули на Ролан Гарос.

Поранешниот тренер на Ѓоковиќ, легендарниот Борис Бекер, верува дека Ѓоковиќ има сили да му се спротистави на Надал, но никако не смее да се потцени силата на Шпанецот.

„Новак е во форма. Го гледав неговиот меч од првото коло, беше импресивен.Многу тенисери во текот на првата недела ја бараат формата, но Новак веќе ја има најдено. Прашање е само колку може да ја подигне во текот на турнирот. Сепак, никако не смее да се заборави дека тука е Рафаел Надал. Никогаш не смее да се потцени човекот кој 11 пати триумфирал во Париз. Рафа секогаш е фаворит на овој турнир, но мислам дека Новак не е далеку од него. Би се обложил дека финалето на Ролан Гарос оваа година ќе биде Надал-Ѓоковиќ“, рече легендарниот Бекер во својата анализа за „Евроспорт“.

 

- Оглас -

Најнови вести