Бекот Кајл Вокер имаше повеќе одбрани од двајцата голмани на Сити заедно (Видео)

Манчестер сити во своите редови има двајца голмани кои заедно вредат над 70 милиони евра, но на синоќешниот дуел против Аталанта во Бергамо, бекот Кајл Вокер мораше да ја спасува ситуацијата. Првиот голман на Сити, Едерсон, се повреди и мораше да биде заменет на полувремето.

Во вториот дел бранеше Клаудио Браво, кој прими гол само по три минути откако влезе на теренот. Браво не издржа да остане на голот до крајот на мечот бидејќи во 81-вата минута направи фаул надвор од шеснаесетникот и затоа доби црвен картон.

Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, се најде во необична ситуација. Немаше голман кој требаше да брани во последните неколку минути, па од клупата за резерви го повика десниот бек Кајл Вокер. Иако нема искуство како голман, Вокер реши да ја преземе одговорноста да брани до крајот на дуелот и тоа се покажа како одличен потег.

Сити не само што не прими гол, туку Вокер имаше и една добра интервенција. Аталанта доби слободен удар преку кој можеше да стигне до победа, но Вокер успешно го одбрани ударот. Тоа всушност беше и единствената одбрана на гостински чувар на мрежата во текот на сите 90 минути. Во првото полувреме Едерсон немаше ниедна интервенција, а Браво прими гол од единствениот шут кој беше упатен директно кон неговиот гол. На тој начин Вокер стана прв играч-голман, кој има повеќе одбрани од двајцата професионални чувари на мрежата на еден меч во историјата од Лигата на шампиони.

https://twitter.com/i/status/1192197103835131905

 

 

- Оглас -

Најнови вести