Белата точка станува црна за Јунајтед на „Олд Трафорд“

На судиите во Премиерлигата не само што не им е проблемда досудат пенал против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, туку во последно време како да им станува навика да ги казнуваат Ѓаволите со најстрогата казна. Арсенал вечерва со гол од пенал на Пјер Емерик Обамејанг победи со 1-0, нивна прва радост на „Олд Трафорд“ од 2006 наваму.

Ова е петти пенал против Манчестер на негов стадион, а претходно, против Јунајтед на негов терен беа досудени пет пенали на дури 101 средби.

Манчестер јунајтед е 15-ти на табелата со 7 бода во шест кола, дебакл каков што немаа ни во времето на Дејвид Мојс или Жозе Мурињо. Стотиот меч за Солскјер како менаџер на тимот, нема да го памети по добро.

- Оглас -

Најнови вести