Белгијците го обвинија Реал за местенка околу ковид-тестот на Азар

Во таборот на белгиската фудбалска репрезентација сметаат дека Реал Мадрид направи местенка околу позитивниот тест на Еден Азар во пресрет на ноемвриската репрезентативна пауза, со цел Белгиецот да не отпатува со својата селекција за претстојните мечеви во Лигата на нациите, за да се избегне нова потенцијална повреда.

Од таму се прашуваат како може здрав играч, наеднаш да биде позитивен на ковид-19. Кралевите вчера потврдија два позитивни случаи во своите редови, тоа се Азар и Каземиро, кои вечерва ќе го пропуштат гостувањето на „Месталја“ против Валенсија. Според протоколот во Шпанија, двајцата ќе мора да поминат најмалку седум дена во самоизолација, а за враќање во екипата потребни им се два негативни тестови.

Тоа значи дека Азар ќе наполни една година од последниот настап за својата селекција, откако последно играше на 19 ноември 2019 година против Кипар. Бројните повреди го оневозможија да ја предводи Белгија како капитен, а сега корона-вирусот е пречка што 29-годишниот офанзивец нема да биде дел од составот на селекторот Мартинес.

- Оглас -

Најнови вести