Белгиската врска и топ-стрелецот во Англија го расипаа дебито на ВБА (Видео)

Тимоти Кастањ и Џејми Варди по проверен рецепт за Лестер со голови во второто полувреме им донесоа на Лисиците победа против Вест Бромвич Албион во премиерниот меч за дведте екипи во новата сезона од Премиер лигата.

Кастањ го начна бункерот на ВБА во 57. минута, а проработе белгиската врска за првиот гол на гостите. Денис Прает асистираше, а неговиот сонародник, кој летово дојде во Лестер од Аталанта дебитираше со погодок.

Кастањ е само петтиот белгиски играч што постигнал погодок на дебито во Премие рлигата. Покрај него таков подвиг имаат Нилис, Вермален, Бентеке и Тросар.

https://twitter.com/AdemolaVictor/status/1305148453257871361?s=20

Потоа на сцена стапи најдобриот стрелец во Англија, Џејми Варди со два гола од пенал. Шпицот на Лестер беше прецизен од белата точка во 73. и во 83. минута.

Вест Бромвич го играше првиот меч во Премиер лигата, откако експресно се врати во најсилното англиско првенство по прекланското испаѓање.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести