Белград ќе биде домаќин на завршницата од Светската лига во ватерполо

Белград ќе биде домаќин на финалниот турнир од Светската ватерполо лига. Турнирот ќе се одржи од 18-ти до 23-ти јуни следната година, на кој осум селекции ќе се борат за златниот медал, а воедно и „виза“ за следните летни Олимписки игри.

Нашиот северен сосед во 2010 година првпат беше домаќин на завршница од Светската лига, кога во Ниш, токму репрезентацијата на Србија го освои златото. „Делфините“ воедно се и рекордери по бројот на златни медали, имаат освоено вкупно девет, додека како претставници на поранешна Србија и Црна Гора имаат освоено два златни медали.

Актуелен првак е селекцијата на Црна Гора, која во јуни годинава го освои златниот медал против домаќинот на последниот финален турнир, Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести