Белградското дерби со навивачки нереди, ВАР, и незадоволство од резултатот (Видео)

Партизан и Црвена ѕвезда го одиграа своето 165-то белградско вечно дерби, а од конечните 1-1 не се задоволни ниту домашните, ниту гостите. Партизан водеше со убавиот гол на Натхо, Црно-белите дадоа уште еден гол, но тој беше поништен по прегледување на снимка во ВАР собата, па партизановци беа незадоволни.

Од друга страна, Црвено-белите имаа повеќе шанси, но дадоа само еден гол и тоа во 83-та минута, стрелец беше Катаи кој погоди со шут со глава. После овој меч, Ѕвезда и понатаму му гледа во грб на Партизан, кој има два бода повеќе.

Дербито не мина без инциденти, напротив, ги имаше повеќе и пред мечот, и за време на средбата, но кога требаше да му се оддаде почит на славниот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ кој почина пред три дена, мирно стоеја и молчеа и Гробарите и Делиите.

Ова е голот на Израелецот Натхо:

- Оглас -

Најнови вести