Белорусите не им се дадоа на Швеѓаните, важна победа на Египет

Белорусија убедливо водеше по првото полувреме против Шведска, но на крај мораа Белорусите да дадат гол на три секунди до крајот за да избегнат пораз против фаворитот, па средбата заврши 26-26 за дополнително замрсување на ситуацијата во групата 4 во која се наоѓа и репрезентацијата на Македонија.

Шведска е прва, но сега само со бод повеќе од Египет и Словенија. Домаќините денеска ја совладаа Русија со 28-23, па Русите сега се четврти. Македонската селекција задутре игра со Русија, па противникот со победа се враќа во игра за едно од првите две места кои водат во четвртфиналето. За избраниците на Данило Брестовац останува надежта дека можат да ја изненадат Русија или Белорусија, па да ја избегнат судбината на најлоша европска селекција од оние кои влегоа во втората фаза меѓу 24-те најдобри.

Во другите групи славеа фаворитите, но на Французите не им беше лесно против Алжир (29-26), а Норвежаните одвај триумфираа против Португалија со минимални 29-28.

- Оглас -

Најнови вести