Беневенто има големи амбиции и понуда за Атомската мравка

Себастијан Џовинко има понуда од Беневенто за кам-бек во Италија, каде настапуваше за матичниот клуб Јувентус, потоа и за Парма и Емполи.

Беневенто е пред промоција во Серија А и тоа ќе биде само формалност за поранешниот калчолигаш кој има голема предност пред конкурентите во Серија Б и само треба да заврши првенството за промоција.

Џовинко има 33 години и си заминува од Ал Хилал, клуб од Саудиска Арабија. Атомската мравка како што му е прекарот на одличниот играч и поранешен репрезентативец на Италија има понуда и од Парма, а заинтересирани за неговите услуги се и бразилските клубови Васко де Гама и Ботафого.

Сега се приклучи и Беневенто, екипа што забележи историски успех во 2017 година, кога за првпат играше во Серија А, што им е најголем успех во 91-годишната клупска историја.

Ако Џовинко ја прифати понудата на Беневенто и на Парма за него тоа ќе биде кам-бек во италијанскиот фудбал по пауза од 8 години.

- Оглас -

Најнови вести