Бенфика го врати Жорге Жесус

Жорге Жесус по пет години пауза повторно ќе ја води Бенфика, откако стратегот без многу размислување ја прифатил понудата на Орлите. Португалскиот тренер го напушта Фламенго по 13 успешни месеци во кои му донесе четири титули на бразилскиот гигант, меѓу кои се трофеите во бразилската Серија А и Копа Либертадорес.

Жесус беше кормилар на Бенфика од 2009 до 2015 година, период во кој Орлите од Лисабон трипати застанаа на тронот во Португалија, па токму враќање на врвот ќе биде мисијата на Жесус откако оваа сезона Бенфика остана со празни раце и го додели владетелството на ривалот Порто.

Деталите околу соработката уште не се познати, но јасно е дека Жесус од следната сезона повторно ќе работи во татковината.

- Оглас -

Најнови вести