Бенфика игра против клетвата, Раул може да испише историја

Бенфика и Реал Мадрид од 18 часот во Нион го играат финалето на јуниорската Лига на шампиони за играчи до 19 години, а кој и да триумфира, тоа ќе му биде прв ваков трофеј во клупската историја. Јуниорската ЛШ се игра веќе седум сезони, а иако се редовни учесници, Реал и Бенфика досега не го освојувале ова натпреварување.

Реал првпат е во финалето и ако победи, нивниот тренер, легендарниот Раул Гонзалес, ќе стане вториот кој освоил сениорска ЛШ како играч и јуниорска ЛШ како тренер. Засега тоа му успеало само на Марио Силва со Порто.

Бенфика по трети пат е во финалето, а ги губеше претходните две финалиња, и тоа во 2014 и 2017, годините во кои во полуфиналето го победуваа токму Реал.

„Адут“ на Шпанците може да им биде клетвата против Бенфика од пред 58 години. Тогаш тренерот во заминување, Бела Гутман, ги проколна во следните 100 години да не освојат никаков европски трофеј и клетвата засега држи. Бенфика по клетвата од Гутман има осум финалиња во двете најсилни европски натпреварувања и ги загуби сите. Изгледа ќе треба да почекаат барем уште 42 години пред да освојат Лига на шампиони или Лига на Европа.

Дали клетвата ќе почне да попушта барем кај децата, не се знае. Засега и во конкуренција за играчи до 19 години Бенфика го нема освоено европскиот пехар.

- Оглас -

Најнови вести