Бенфика по четири години го победи Порто

Бенфика минимално со 1-0 славеше во големото португалско дерби против Порто и на тој начин се искачи на врвот на табелата. Со овие три бода, Бенфика има 17, два повеќе од Брага и Порто, кои имаат по 15 бодови.

Дебито на стадионот „Луж“ беше решено во 62-рата минута, кога Харис Сеферовиќ донесе огромна радост за домашните навивачи. Во 82-рата минута Бенфика остана со играч помалку по исклучувањето на Лема, но Порто не успеа да ја искористи бројната предност, а домаќините ја сочуваа позитивата од еден гол.

За Бенфика ова е прва победа против Порто по паузата од речиси четири години. Последен пат се имаа радувано во декември 2014 година, а потоа поминаа седум средби во кои Бенфика немаше победа. Сега и таа лоша низа е прекината, а Бенфика покрај славењето за победата, може да се радува и за првото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести