Бенитес: Во Кина за една недела имав повеќе состаноци отколку за три години во Њукасл

Рафаел Бенитес откри дека само за една недела откако е тренер на кинескиот клуб Далијан Јифанг веќе имал повеќе состаноци со претседателот на клубот отколку за три години престој во англискиот премиеригаш Њукасл.

Бенитес си замина од кај Чавките кон крајот на јуни и донесе изненадувачка одлука, кариерата да ја продолжи во клуб од кинеската Суперлига. Сепак, тој само за седум дена во Кина се чувствува повеќе вреден отколку за целиот престој во неговиот претходен клуб, каде што речиси и немал средби со сопственикот Мајкл Ешли и директорот Ли Чарнли.

„Уште од првиот момент кога дојдов, Кинезите ме трогнаа со нивната гостопримливост и почитта која ми ја покажуваат. Кога знаеш дека луѓето те почитуваат, многу е полесно. Со челниците на клубот веќе имав повеќе средби отколку за три години во Њукасл. Одвај една недела сум во Кина, првпат во животот искусив некои работи, се надевам дека за еден месец веќе ќе се навикнам на новините и промените“, напиша Бенитес на својот блог по деби-победата од 3-1, а кажа и дека со играчите комуницира преку преведувач.

- Оглас -

Најнови вести