Бентеке на три меча за Белгија даде повеќе голови од последните две сезони во Кристал Палас

Кристијан Бентеке и вечерва е стрелец за Белгија против Кипар и, интересно, даде повеќе голови за националната селекција за 270 минути игра отколку за неговиот клуб Кристал палас во последните две сезони.

Бентеке го израмни резултатот со гол против Кипар во 16-тата минута, а моментно Белгија веќе води со 5:1 откако противникот имаше предност од 1:0.

Корпулентниот напаѓач игра како прероден кога настапува за Белгија, а за Кристал палас има постигнато само еден гол во последните две сезони, во кои одигра 26 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести