Бензема: Донарума не направи грешка, тоа беше притисок!

Јунакот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој со три гола го елиминира ПСЖ, истакна дека победата им се посветуваат на навивачите.

„Ова е победа за навивачите, без нив ова немаше да се случи. ПСЖ е одличен тим, но ние ја заслуживме победата. Беше многу тешко, губевме на полувреме, но ова е Лига на шампиони. Имавме ментална сила. За првиот гол, тоа не беше грешка на Донарума, им направивме притисок. Кога ги притискаме противниците, можеме секого да победиме. Многу сум горд што го надминав легендарниот Ди Стефано“, изјави Бензема, кој има 34 години и 80 дена, со што стана најстар играч кој направил хет-трик во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести