Бензема е на чекор до Манчестер јунајтед

Авантурата на Карим Бензема во Саудиска Арабија се чини дека ќе заврши побрзо од очекувањата и напаѓачот е на добар пат да се врати во Европа, и тоа во редовите на Манчестер јунајтед.

Според англиските медиуми, менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, го сака Бензема во тимот за вториот дел од сезоната и наводно веќе е постигнат договор за платата меѓу Бензема и Јунајтед.

„Бензема е играч кој секој тренер би го посакал во тимот. Колку што гледам, преговорите напредуваат и мислам дека сме многу блиску до негов ангажман. Свесни сме дека имаме конкуренција во Реал Мадрид, каде што Бензема играше долги години, но и во Олимпик Лион, каде што ја започна кариерата, но сигурни сме дека сака да заигра и во Премиер лигата, во која никогаш не играл“, изјави Тен Хаг за англиските медиуми.

Сега преостанува Манчестер јунајтед да најде заеднички јазик со саудискиот Ал-Итихад за шестмесечна позајмица, но работите нема да одат толку лесно иако се очекува да дојде до договор. Имено, Бензема, кој е суспендиран од Ал-Итихад, има договор со саудискиот тим до јуни 2026 година според кој добива 200 милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести