Бензема е пред заминување од Реал, веќе го информирал раководството за неверојатната понуда

Приказната на Карим Бензема и Реал Мадрид по 14 години најверојатно ќе заврши ова лето. Фудбалерот и клубот сè уште немаат потпишано нов договор, а тоа ширум му ги отвора портите на Бензема да си замине без обесштетување.

Веќе е познато дека Французинот има понуда од 400 милиони евра од Саудиска Арабија, а синоќа и го информирал раководството на клубот за оваа понуда.

Клубот каде што би заминал не е познат бидејќи понудата од Саудиска Арабија е самиот да си го одбере клубот каде сака да игра. Дополнително, тој би бил ослободен од плаќање на каков било данок во Саудиска Арабија и сите комерцијални одлуки би ги носел сам заедно со својот менаџерски тим. Карим Бензема ќе може самиот да одбере каде ќе живее и ќе му биде ставен на располагање каков било луксуз кој ќе го побара. Ова се само дел од условите кои му се понудени, а Банезема најверојатно ќе ги прифати.

Тој во Реал Мадрид пристигна во 2009 година од Лион и во овие 14 години стана најтрофејниот фудбалер во историјата на Кралскиот клуб со 24 трофеи. За клубот од „Сантијаго Бернабеу“ одигра 647 натпревари на кои постигна 353 гола.

- Оглас -

Најнови вести