Бензема ја повлече жалбата, го чека условна казна

Карим Бензема одлучи да ја повлече жалбата за изречената условна казна од една година, по обвинението за уценување на Матју Валбуена со експлицитни видео-снимки.

Веројатно најдобриот фудбалер во светот за оваа година одлучи да ја прифати пресудата, откако лани беше осуден на едногодишна условна затворска казна и паричен надоместок од 75 илјади евра.

Поради овој скандал Бензема долги години беше далеку од националниот состав на Франција, но сето тоа се смени минатото лето кога заигра за Триколорите на ЕП, а и моментално е главен адут во тимот предводен од Дидие Дешамп.

- Оглас -

Најнови вести