Бензема ќе мора да оди на суд поради најголемата грешка во животот

Карим Бензема и дефинитивно ќе мора да заврши на суд, поради учество во уценување на некогашниот соиграч од репрезентацијата Матие Валбуена.

„Одлуката Бензема да мора да оди на суд е апсурдна и неправедна. Нема за што да му се замери на Карим во овој случај“, рече адвокатот на Бензема, Силвијан Кормие.

Овој случај е од 2015 година кога двајца мажи наводно имале видео на кое Валбуена води љубов со неговата жена. Двајцата мажи решија да го уценуваат Валбуена да им плати пари, во спротивно ќе го пуштат видеото во јавност. Валбуена одбил да се договара со уценувачите, кои потоа преку трето лице стигнале до контакт до Бензема.

Тие го натерале Бензема да го убеди Валбуена да им ги даде парите кои ги бараат. Валбуена тогаш го пријавил случајот во полиција и се случи скандал во кој настрада Бензема. Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп реши засекогаш да го исфрли Бензема од репрезентацијата на Франција.

Галските петли со Валбуена во 2018 година станаа светски прваци, а Бензема иако беше во одлична форма, не се најде во шампионскиот тим поради скандалот за кој допрва треба да оди на суд.

 

- Оглас -

Најнови вести